Мицкоски: Законите треба да бидат напишани од стручната фела, од луѓе чиј интерес е само интересот на граѓаните

 

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утрово на својот Фејсбук профил сподели статус во врска со Законите во Македонија кои појаснува дека треба да бидат напишани од стручната фела.

-Законите треба да бидат напишани од стручната фела, од луѓе чиј интерес е само интересот на граѓаните а не интересот на Заев да се избега од одговорност. Македонија е земја на нејзините граѓани, а не само земја на една мала група на луѓе, одредено семејство, било тоа Заеви или некое друго. Како држава не смееме повеќе да грешиме. Го немаме тој луксуз ниту пак граѓаните го даваат тоа право. Само така Македонија ќе има иднина, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа