„Хибриден режим“ - на професорката Силјановска ѝ го избришале зборот рекет од стенограмите во Собрание

Професорката Гордана Силјановска Давкова реагираше на социјалните мрежи бидејќи во стенограмите од дебатата за Законот за Јавно обвинителство во Собранието ѝ го избришале зборот РЕКЕТ и наместо тоа ставиле тире.

Давкова вели дека тоа е само уште една манифестација на хибридниот режим. Таа потенцира дека владата ја цензурирале книгата на Стојан Андов, газејќи врз правото на слободно изразување на мислата и исто така среде Собранието како „ школа на демократијата“ цензурираат експертски излагања.

„Жестоко атакуваа на „ Трето полувреме“ за да не се замерат со бугарската власт, која наместо да се извини за ужасната, трагична, незаборавна сага за Македонските Евреи, бега од историската вистината.

Го цензурираа филмот „ Ругање со Христа“, без да го гледаат, повредувајќи го правото на слободно уметничко творештво. Ја цензурираа книгата на Стојан Андов, газејќи врз правото на слободно изразување на мислата. Среде Собранието како „ школа на демократијата“ цензурираат експертски излагања.

Го избришале од стенограмот на обраќањето на проф. Сиљановска Давкова зборот „ РЕКЕТ“. Што е следно во демократијава што „блеска“/блес(к)ави: забрана да се изговори „ „Рекет“, среде Рекетарска Македонија?

Погледнете ги стенограмски белешки од јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“ од 28-01-2020 година. Кај моето излагање наместо зборот „ рекет“, има долго тире, како симбол за „ рекетирање што тече“?!

Уште една манифестација на хибриден режим, пишува Давкова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега