Вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад на граничниот премин Богородица

Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад (РДФ) запрена на граничниот премин Богородица помеѓу Република  Македонија и Грција.

Според информациите од царинската служба на граничниот премин се земаат примероци кои ќе бидат испратени на анализи во лабораторија во Скопје. Станува збор, како што посочуваат, за пратка наменета за Цементарницата во Скопје.

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега