Нови штрајкови во Грција

Штрајкуваат денеска во Грција вработените во државните болници, наставници и професорите како  и варботените во атинскиот Универзитет поради отпуштањата на нивните колеги.

Девет болници во Атина и Солун ја прекинаа работата на четири часа. Тие штрајкуваат против затворањето на здравствени установи и преместување на персоналот на друго работни позиции.

Петти ден по ред штрајкуваат и административните работници од Атинскиот универзитет „Каподистриас“.

Ректорот на универзитетот побара од властите да го повлечат решението за 49-процентно намалување на административниот персонал со мотив, дека тоа ќе го наруши образовниот процес. 

Четиричасовен штрајк почнаа и наставниците од средните училишта во Грција, кои исто така одбиваат да го исполнат барањето на властите за „квалификациско преместување“ на персоналот во друга државна работа.

Генералната конфедерација на трудот ГСЕЕ планира 24-часовен штрајк на 6 ноември.

16.10.2013 - 13:36

најчитано сега