Мицкоски со честитка: Јазикот на еден народ треба да поврзува, а не да разединува

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со честитка по повод 21 декември - Денот на наставата на турскиот јазик.

-Мајчиниот јазик и националната мисла отсекогаш биле и останале обележје и нераскинлив дел од идентитетот на секој од народите. Република Македонија знае да ги цени таквите обележја, тоа претставува и наша трајна определба. Истите тие обележја треба да ги негуваме и прославуваме како еден од нашите основни општествени постулати. напиша тов во свое име и во име на партијата го честита празникот.

Мицкоски нагласи дека ваквото одбележување претставува совршен пример за почит кон јазиците, културата и традициите на заедниците во една држава.

-Пред неколку години Парламентот во кој што мнозинството го имаше токму ВМРО-ДПМНЕ донесе законски измени со кои се овозможи прогласување на денот на настава на турски јазик за државен празник. Така и ќе продолжиме да градиме мостови на соработка и политика на подадена рака. Јазикот на еден народ треба да поврзува, а не да разединува. Таа политика на соработка мора да опстои во овие времиња на предизвици и тежок живот на граѓаните. Турците во Македонија ја делат тешката судбина со останатите граѓани, а наша обврска ќе биде да му помогнеме на секој еден човек, да работиме на решавање на проблемите и обнова која ќе значи сигурна иднина- стои во честитката

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2019 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега