Проценета е материјалната штета што ја направи Брејвик

Завршните податоци околу трошоците за расчистување, нови изградби и изнајмување на провизиорни простории по терористичките атентати што во Осло и на островот Утоја во 2011 година ги изврши норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик, веројатно ќе го надминат износот од  1,8 милијарди евра.

Само кириите за изнајмени простории се очекува да чинат вкупно 350 милиони круни годишно и тоа уште најмалку една година, според црвено-зелениот буџет во Осло кој беше поднесен на усвојување вчера, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Новите владини згради се очекува да чинат од 5 до 10 милијарди круни, а уривањето на постоечките оштетени згради околу 1,45 милијарди. 

16.10.2013 - 09:59

најчитано сега