Вечерва сите на добра музика и вино - стартува „Вино-Скоп“ 2013

 

На плоштадот Македонија денеска стартува седмиот фестивал на виното, „Вино-Скоп“ 2013. Сите љубители на виното ќе имаат можност да дегустираат над 500 видови македонско и странско вино од 20 винарии кои ќе се претстават на фестивалот оваа година.

Организатор на фестивалот е винотеката „Темов“, а официјачно ќе биде отворен со обраќање на таткото на Град Скопје, Коце Трајановски во 20 часот.

Годинава посетителите ќе ги забавуваат Драган Мијалковски, Јаков Дренковски, Владимир Четкар, Бојана Атанасовска, Бени и Нон Стоп, Тумбао Салса Бенд,  Кристина Арнаудова, Суперхикс, како и гости од Хрватска, музичко трио од Кипар и бенд од Италија, а ќе има и етно, џез, македонски евергрини...

Производите на „фестивалската територија“ ќе се продаваат со фестивалски бонови т.е. вински денари. Најевтиното наливно вино ќе чини 50 денари. Манифестацијата ќе трае во наредните пет дена.

16.10.2013 - 09:26
Фото: 
МИА

најчитано сега