Немири во Јоханесбург поради брутално убиство на две девојчиња

Пронајдени мртви две девојќиња на возраст од две и три години во јавен тоалет во Дипслут, на север од Јоханесбург. Оваа трагедија предизвика немири во кои жителите со камења ги блокираа улиците поради бруталното убиство.

Девојчињата од саботата се водеа за исчезнати, а за двојното убиство засега никој се уште не е уапсен, пренесуваат француските медиуми.

Минатиот месец во еден отпад во истото подрачје беше пронајдено телото на едно петгодишно девојче, па полицијата ја истражува можноста за постоење на сериски убиец кој напаѓа деца.

 

16.10.2013 - 09:12

најчитано сега