Се отвори Весна Бејби: Стравот ме натера да пробам да се самоубијам
"Стравот е мојот најголем непријател, нешто со што секојдневно се борам. Не е ова ноторен муабет за страв од типот дали ми е страв да се возам во лифт. Не. Тоа не е страв. Стравот е себичен, оти мислиш само на себе. Мојот страв да не ги загубам моите деца ме доведува до друго потпрашање, како би ми било мене тогаш. Значи пак себичност. Тогаш ја кревам целата мојата машинерија за да може да функционирам. Кај мене има бранови на страв, пеколна анксиозност, па пак се борам со стравот. И тоа трае... Има и физичка болка, едно кинење од левата страна..."
Вака актерката Весна Петрушевска зборува во документарниот филм "Стравот", каде што за прв пат се отвара и зборува за секојдневната борба со својот најголем непријател, пишува Вест
Освен неа, во филмот, чија премиера е утре во 20 часот, во киното "Синеплекс" и засега ќе има само едно прикажување, за своите стравови зборуваат и актерката Јелена Јованова, раперот Тони Зен, креаторката Тања Кокев, писателката Винка Саздова, како и Магдалена Ѓорѓиева и Трајче Стојанов.