Еве поради кои причини Босанците се разведуваат

Најголемите причини за разводите и нарушените пријатлества на работа во БиХ се поради  големите долгови. 

Босанците земаат кредити за да го преживеат месецот и да ги купат неопходните работи за да опстанат.

„Забележавме дека во последно време граѓаните главно се обидуваат со помали кредити да ги елиминираат некои последици од претходни задолжувања. И тоа е алармантно бидејќи станува збор за одложување на соочувањето со презадолженоста која е очевидна,“ изјави Тарик Лимо, претседател на невладината организација „Во плус“.

 

Босна и Херцеговина во првата половина од 2013 година кредитите на населението достигнале  2,5 милијарди евра, а дури 74 отсто од нив се потрошувачки кредити.

15.10.2013 - 14:59

најчитано сега