Спречен напад врз магацин со хемиско оружје во Русија

Властите во Русија денеска соопштија дека уапсиле две лица од Северен Кавказ поради сомневање дека планирале напад врз магацин со хемиско оружје.

Прoнајдени се делови за бомба, како и „литература со екстремистичка содржина“ во напуштена куќа во областа каде што живееле осомничените.

Се претпоставува дека осомничените планирале да направат бомба и да го нападнат магацинот Мараџуково во регионот Киров, околу илјада километри североисточно од Москва, соопшти федералната Истражна комисија.

15.10.2013 - 12:27

најчитано сега