Се огласи Заев: Од следниот месец 14.500 денари минимална плата

Честитки до сите работници и работнички! Законот за минимална плата е изгласан во Собранието. Ова денеска го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

- Уште од следниот месец минималната плата ќе изнесува 14.500 денари. Секој граѓанин заслужува да има пристоен живот, затоа минималната плата од 9.500 денари на почетокот на мандатот, ја зголемивме на 14.500 денари. Го подобруваме животниот стандард на граѓаните и продолжуваме да се бориме Северна Македонија да стане поубаво место за сите, напиша Заев.

 

Инаку, Законот е изгласан во Собрание едногласно, без ниту еден воздржан и без ниту еден пратеник против.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега