Две куќи, кредит, пушка и пиштол - каков имот пријавил во Антикорупциска новиот потпретседател на Собранието, Рамчиловиќ

Независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ вчера и официјално беше избран за нов потпретседател на Собранието.

Со 62 гласа „за“ и 12 против, пратениците од Собранието ја донесоа одлуката за новата функција на Рамчиловиќ.

Тој дојде на местото на Весел Мемеди, а беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Рамчиловиќ на свое име во анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција, пријавил две куќи во Долно Коњари, едната од 168 метри квадратни, стекната со договор за градба, а другата од 123 метри квадратни, стекната со наследство.

На свое име пријавил и земјиште од 1.410 метри квадратни во Долно Кољари, а земјиште во истото место пријавил и на име на родителите.

Според она што стои во анкетниот лист, тој вози Голф 5.

Пријавил и оружје, ловечка пушка и пиштол.

Има и кредит од 480 илјади денари, кој треба да го врати до 2021 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега