Нема исчезнато девојче во Демир Хисар: Веста која кружи на социјалните мрежи е стара

Голем број корисници на социјалните мрежи споделуваат линк на Press24 преку кој се бара помош за пронаоѓање на 15 годишно девојче од Битола.
Веста вирално се шири на социјалните мрежи, а читателите, веројатно без да забележат и во желба да помогнат само ја споделуваат.
За среќа, веста е стара, а девојката беше пронајдена. Истата е објавена на вчерашен ден, 4 ноември, но минатата година, што може да се забележи и по датумот кој е веднаш под самата вест.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2019 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега