Ангелов и Заев си кажаа збогум

 

Достоинство за замина од опозициската коалиција Сојуз за идинината. Како причина Ангелов ги наведува концепциските разлики со Заев.

„Поради појава на значителни концепциски разлики со нашите досегашни политички партнери, раководството на “Достоинство“ донесе одлука за излегување од “Сојузот за иднината“ и во иднина ќе настапува самостојно. 
Патриотизмот е основата на “Достоинство“. “Достоинство“ е пред сѐ и над сѐ патриотска партија. За разлика од многумина други, ние, нашиот патриотизам, го докажавме на еден од најтешките начини, војувајки за Македонија. Ние, ниту во 2001-та, ниту денес, не се откажавме, не се откажуваме и нема да се откажеме од нашата борба за Македонија“ - рече Ангелов

Тојпотенцираше дека неговата партија се подготвува за претседателските и евентуалните предвремени парламентарни избори за каде најавува сопствен кандидат и самостоен настап.

13.10.2013 - 21:10

најчитано сега