СДСМ повторно на улица?

Градоначалниците на СДСМ да го напуштат ЗЕЛС,претставниците на опозицијата да го прекинат учеството во рабоната група во собранието што треба да ги спроведе препораките од 24 декември , а советниците на опозицијата да ја бојкотирата првата наредна седница на советите во сите општини во земјата.

Овие мерки, според високи партиски извори, се на маса на Бихаќка, на вонредниот проширен состанок, јавува 24 Вести.

Според информациите на телевизијата не се исклчува можноста социјалдемократите повторно да излезат на улица во вторник, за кога се најавува враќањето ан Шиповиќ во Македонија. Според истите извори, напуштање на Собранието не било опција. 

Ваквите чекори опозицијата предводена од СДСМ ги превзема по полициската акција Претседавач во која првоосмничен е претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Според нив, станува збор за политички мотивирана акција.

Ова не е прв пат СДСМ да излезе на протести и да ги бојкотира државните институции откако нивни член ќе биде уапсен. Претходно, слични протести се организираа по апсењето на Владо Бучковски за аферата Тенковски делови, на Зоран Заев за случајот Глобал за кој и беше аболициран од Црвенковски, како и за апсењето на Велија Рамкоски за случајот Пајажина.

13.10.2013 - 20:59

најчитано сега