Државните ревизори не можат да влезат во ниту една државна институција и да направат финасиска контрола

Вработените во Државниот завод за ревизија велат дека не можат да си ги вршат редовните задачи, бидејќи парламентот им ги врзал рацете. Имено, Заводот за ревизија со месеци нема главен ревизор, а од почетокот на месецот му истече мандатот и на в.д. директорот., објави „Независен весник“.

„Не можеме да вршиме официјална кореспонденција, затоа што немаме кој да ги потпише документите од наша страна. Едноставно кажано, не можеме да влегуваме во институциите, бидејќи прво треба да ги известиме, а тоа не можеме да го направиме без официјален ферман со потпис и печат“, коментираат вработени во Заводот.

Вработените на денешниот состанок одлучиле утре да ја известат јавноста за овој проблем и да апелираат до надлежните за истиот да биде решен.

Работата е заглавена во парламентарната Комисија за избори и именувања. Членовите не успеваат да усогласат решение за нов главен државен ревизор, поради тоа што во ова собраниско тело, мнозинство го има опозицијата, а од нејзините редови е и претседателот Илија Димовски.

Тој денеска најави дека течат меѓупартиските консултации и доколку се оди во најдобар ред, оваа работна недела ќе биде предложен главен државен ревизор.

Заводот за ревизија неодамна најави контрола во сите обвинителства, меѓу кои и на згаснатото СЈО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега