Барселона го прегази Металург

Екипата на Бареслона го прегази Металург на домашен теерен во рамките од Лигата на Шампионите.  На крајот резултатот на семафорот беше 35:17. Македонскиот вицешампион покажа слаба, непрепознатлива игра проследена со многу грешки во нападот кои Барселона не пропушташе да ги казни. Посебно слабо Металург играше во првото полувреме кога за 30 минути даде само 5 гола. Покрај се, блескаше и голманот на Барселона Арпад Штербик кој фати 18 топки.
Во Барселона најпрецизен беше Кире Лазаров со 9 гола, Карабатиќ постигна 7, Томас постигна 6.
Во нашиот тим најпрецизен беше Вугринец кој постигна 6 гола.
Утре својот настап во Лигата на шампионите ќе го има македонскиот шампион Вардар. Црвено црните ќе се соочат со ПСЖ во Спортскиот центар Борис Трајковски. Мечот почнува во 19 часот.

12.10.2013 - 17:34

најчитано сега