Радовиш: Наместо да пука во дивеч ловџија несакајки погодил човек

Во текот на вчерашниот ден се случила несреќа во Радовиш кога Радовишанец несакајќи застрелал ловџија.

На местото викано Тумбата додека З.П. и Ѓ.Д. од Радовиш биле на лов, во тој момент на лов на истото место се нашле и В.Н. и А.Р. од Радовиш. Во еден момент, В.Н. испукал еден патрон од неговата ловна пушка во правец каде се движел З.П., при што сачмата го погодила З.П. во пределот на левата страна од вратот.

Радовишанецот бил веднаш пренесен во Ургентниот ценатр во Скопје каде е задржан на лекување.

12.10.2013 - 14:03
Фото: 
Денешен

најчитано сега