Се испотепале поради предност во сообраќајот - бесни гостиварчани предизвикале хаос

Синоќа две групи насилници направиле хаос пред угостителскиот објект “Бејби Блу“ во Гостивар.

Поради пријава за нарушен јавен ред и мир, полицајци кои дошле веднаш на местото на настанот, забележале поголема група граѓани поради кои сообраќајот бил блокиран, а возило марка  „Форд Мондео“ со гостиварски регистерски ознаки било оштетено.Откако полицајците се обиделе да превземат мерки, 28-годишниот Е.М.и 31-годишниот З.З. се стрчале кон кружниот тек и не ја послушале наредбата на полицијата да застанат.  Веднаш по нив се упатиле и 31-годишниотИ.Д.и 34-годишниот Д.Д., при што настанала тепачка. Бидејќи полицајците не успеале да воспостават ред, едниот од нив од службениот пиштол испукал три предупредувачки куршуми во воздух. 

По приведувањето иразговорите со лицата е констатирано дека тие започнале расправија која потоа кулминирала и со тепачка поради предност во сообраќајот.

 

12.10.2013 - 13:55

најчитано сега