ФОТО: Американскиот претседател Обама се сретна со малата Малала

Можеби не доби Нобелова награда, но доби прием кај претседателот на САД, Барак Обама! Обама заедно со првата дама на САД, неговата сопруга Мишел, ја прими малата Малала Јусафзаи, која пред една година беше погодена во главата и вратот од страна на Талибанците бидејќи се бори за правото на школување.

Ова 16-годишно девојче доби голем прием во Белата куќа, каде се сретна со Обама и неговата сопруга, кои и честитале за нејзината упорност и храброст.

- Обама и Мишел се заглагодарија за напорите на малата Малала и ја поддржаа нејзината одлука да се бори за правата за школување на девојчињата, велат од Белата куќа.

12.10.2013 - 12:17

најчитано сега