"Се гледаа само крв и црнила" - потресените очевидци раскажуваат за трагедијата во која згаснаа пет млади животи

Скопска Кисела Вода денеска завиена во црна по страотната сообраќајна несреќа во која згаснаа пет млади животи. Синоќа животот го загубија Алек­сан­дар Стаиќ, Бор­че Стаијќ, Го­ран Ѓоргиев, Жив­ко Колев и Фи­лип Биркаш, сите од Скопје на возраст од 27 и 28 години.

Од полицијата која веднаш пристигнала на местото на несреќата, за весникот Вест велат дека глетката била ужасна.

- "Повраќавме додека стручните екипи ги вадеа мртвите тела на момчињата. Крв прскаше насекаде. Страшно!", коментираат полицајците за Вест.

И дел од очевидците кои се нашле на местото на настанот велат дека несреќата се случила многу брзо и дека глетката била страшна: - "Во Центар секогаш има метеж, но утринава помислив дека пукнала бомба. Брзо се стрчав кон терасата, но надвор видов само магла. Претпоставив дека е сообраќајка. Сe се случи толку брзо, што и да бев надвор, немаше да можам да видам. Ми беше страв да продолжам да гледам. Ѕиркав од зад завесата и видов дека за половина час пристигна полиција. И тие ѕиркаа надолу од патот. Се вратив и си легнав, но однадвор повеќе ништо не се слушаше. Како ги вадеа, така во истиот момент ги фрлаа во ќеси. Како да не беа човечки трупови. Се гледаше само крв и црнила. Пострашна сообраќајка не сум видела ниту на филм. Колата, пак, ја вадеа парче по парче. Ја сечеа за да можат да ја извадат", велат потресените соседи за Вест.

Инаку, вчера до несреќата дојде откако петте млади момчиња враќајки се од ергенска вечер со своето БМВ возејќи со 240 километри на час загубиле контрола и удриле во подрумот на објектот на пазарната инспекција кај Рампа во центарот на Скопје.

 

 

 

12.10.2013 - 11:19

најчитано сега