Млади момчиња се испотепале во автобус на ЈСП

Во текот на вчерашниот ден се случил инцидент во автобус на ЈСП во Ново Село. До инцидентот дошло кога во автобусот со број 22, 20-годишниот А.К. од Волково од една страна и 19-годишниот С.М. и една година помладиот А.С. од Никиштани започнале тепачка, при што си размениле неколку удари со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

 

11.10.2013 - 11:41

најчитано сега