ФОТО: Меѓу загинатите во сообраќајката во Скопје имало двајца браќа

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека утрово околу три часот по полноќ се случила страотна сообраќајна несреќа кај Рампа во центарот на Скопје, во која животот го загубиле пет млади лица.

Како што пренесуваат од МВР, сообраќајката се случила кога  автомобил марка БМВ со кое се превезувале младите А.С. Б.С., Г.Ѓ., Ж.К. и Ф.Б. сите на 27 и 28-годишна возраст, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во објектот на Пазарната инспекција. Меѓу младите момчиња кои го загубија животот во страотната сообраќајка утрово, имало и двајца браќа. 

Засега сообраќајот е во прекин а полицијата врши увид на местото на настанот.

11.10.2013 - 10:29
Фото: 
Курир

најчитано сега