Седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија

Во Собранието на Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање и за Годишниот извештај на Народниот правобранител за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2018 година.

Единствена точка на дневниот ред на седницата на Законодавно-правната комисија, пак, ќе биде расправата за Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега