Вонредни најави: Очекувајте промена на времето - ќе дува северен ветер со брзина од над 70 км/час

Голем пад на температурите, постепено наоблачнување во текот на утрешното попладне и вечер како и северен ветер кој долж Повардарието и на север од државава повремено ќе достигнува брзина од над 70 км/час ќе бидат првите значи на фронталниот систем кој утре ќе започне да ја зафаќа нашата држава и најпрвин во северните предели ќе услови пад на температурите на воздухот, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во четврток ќе има зголемена облачност проследена со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и од локален карактер, особено ќе ги има на запад и југозапад каде ќе има услови и за локална појава на грмежи.

Разведрување на времето ќе има во петок во текот на денот, па така поради разведрувањето во сабота наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Инаку уште утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени додека посвежо преку ден односно пад на температурите ќе има во северните предели од државава.

Метеорологот Попоски предупредува дека сето ова особено лошо ќе влијае врз метеопатите поради тоа штоп се работи за релативно нагла и брза промена на временската состојба па така кај истите овие денови растат условите за поизразени здравствени проблеми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега