Јанева во лоша здравствена состојба - Ќе се бара укинување на притворот

Влошена е здравствената состојба на поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска во интервјуто за ТВ21.

Јанева која е во притвор за Рекет, е под постојана терапија, а претходната недела во затворот во „Шутка“ каде се наоѓа Јанева речиси еден месец како третоосомничена во „Рекет“, била доставена и лекарската документација со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.

Фрчкоска додаде дека ќе бара укинување на притворот за Јанева и да се брани од слобода, а како гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

- Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија – за ТВ21 изјави Ирена Фрчкоска, адвокатка на сега разрешената шефица на СЈО.

Таа рече дека одлуките и од саботата, но и денешната на Советот на јавни обвинители се уште не ги добиле. Најави дека е можно да поднесат тужба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега