Дескоска: Ако нападнете лекар, тоа е исто како да сте нападнале полицаец и се заканува казна до 10 години затвор

По последните немили настани и нападите кон здравствените работници, министерката за правда, Рената Дескоска денеска порача дека медицинските лица не смеат да бидат подложени на вакви напади и дека напад врз здравствен работник е исто како да нападнете полицаец и предвидена е казна од една до 10 години за физички напад.

-Доколку настане напад на лекар, казните кои што се предвидени со закон се еднаква како казните за напад на полицаец или службено лице во областа на безбедноста. Граѓаните треба да бидат свесни дека законската заштита која ја имаат лекарите, кои се луѓе кои ја извршуваат најхуманата професија, не заслужуваат и не смеат да бидат подложени на нехумано однесување. Треба да јакне свеста за казните и за заштитата која ја имаат лекарите, и да има разбирање за нивната професија која често пати е обременета со пречки кои не се во нивен домен, и некогаш тоа предизвикува нервоза, нетрпение од страна на пациентите - кажа Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега