Продолжен притворот на Боки13
Бојан Јовановски останува во притвор откако вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена.
Тој заедно со бизнисменот Зоран Кичеец и со специјалната обвинителка Катица Јанева се осомничени во случајот „Рекет“, дека бизнисменот Орце Камчев им дал 1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“.
Боки 13 веќе два месеци е во притвор.
13.09.2019 - 11:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа