Таткото на Сноуден пристигна во Русија за да се види со синот
Таткото на поранешниот американскиот разузнувач Едвард Сноуден пристигна во Русија за да се види со својот син.
Лер Сноуден откако пристигна во Москва каде неговиот син доби азил, изјави дека е благодарен што неговиот син е на сигурно и е слободен, а воедно повтроно побара од американските власти да ја отфрлат тужбата против неговиот син.
Инаку, пред само неколку денови порталот Lifenews.ru објави прва фотографија од Сноуден низ улиците на Москва.
10.10.2013 - 09:35