Автомобил удри во полициско возило во Скопје - три лица однесени на Клиника

 

Три лица се здобиле со повреди при сообраќјна несреќа во Скопје, информира МВР. Синоќа во 30 минути по полноќ на раскрсницата на ул. „Интернационални бригади“ со ул. „Миодраг Илиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода “, сопственост на МВР и патничко моторно возило „Берлинго“ со скопски регистарски ознаки управувано од 23-годишниот А.С. од Скопје.

Со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и возачот А.С. кои биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега