Продолжи расправата за ребалансот на буџетот

 

Денеска Собраниската комисија за финансирање и буџет ја продолжи општата расправа по ребалансот на Буџетот за 2013 година.

Игор Ивановски од СДСМ оцени дека носењето на ребалансот има недостиг од формално-правен аспект бидејќи Буџетот за 2013 година бил донесен на неуставен начин и забележа дека економијата е зависна од задолжувањата кои доколку продолжат, државата ќе ја снајде грчкото сценарио, а најниски се и странските инвестиции од сите држави во регионот.

- Сега сте доминантно зависни и од странските и од домашните задолжувања. Странското задолжување е на 260 милиони евра, а домашното на 160 милиони евра што е околу 430 милини евра вкупно, обвини Ивановски, додавајќи дека до крајот на годината треба да се вратат околу 440 милиони евра земени по основ на краткорочни заеми.  

Од друга страна, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека целта е да не се повторат минатогодишните настани.

- Тоа што го гледате се нето приходите, бруто приходите кои сме ги собрале по основ на даноци минус повратот на ДДВ. Ете, затоа приходите во февруари беа толку. Тогаш се изврши најголемиот поврат на ДДВ и тоа е доказ кој оди контра вашата теза дека стопанството не ги добило парите, подвлече Ставрески.

Го повика Ивановски да не тврди дека Македонија доколку продолжи со задолжувањата ќе ја снајде грчкото сценарио затоа што во Грција од 2007 до 2013 година БДП е -25 проценти, а во Македонија плус 11,5 проценти. Втор показател, според Ставрески, е тоа што државниот долг во Македонија денеска е 33,8 проценти од БДП, а во Грција 178 проценти од БДП.

- Погледнете ги бројките. Немојте да излегувате со вакви тврдења. Ниедна земја во регионот нема толку мал долг како Македонија, рече Ставрески. 

- Зголемувањето на невработеноста што се случи во вашиот мандат беше во период кога светската економија одеше добро и имаше општи добри услови. Што ќе се случеше ако СДСМ ја водеше економијата во услови на европска или светска криза, праша Ставрески.Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија во репликата на Николовска оцени дека таа кажала низа невистини и нагласи дека субвенциите се исплаќаат.

- Субвенциите на земјоделците се исплатени. Треба да знаете дека постојат одредени проблеми при исплатата, но треба да прашате кои се тие проблеми. Дали се проблеми по вина на Платежната агенција или се проблемите на друго место, рече Станковиќ.

 

08.10.2013 - 15:55

најчитано сега