СДСМ: Мицкоски да го повика Касами да ја повлече одлуката за преименување на улиците во Тетово

 

СДСМ најави дека нивните советници ќе се спротистават на предлогот за преименување на улиците во Тетово по иницијатива на градоначалникот Касами. Во денешната реакција, тие изразуваат негодување и бараат власта да преземе мерки против идејата на нивниот коалициски партнер за промени на називот на инфраструктурните објекти во Тетово кои носат имиња од антифашистичкото минато.

„На вредностите од НОБ и антифашизмот почива современата македонска држава. Било какво бришење на најсветлите страници на македонската историја значат удар врз темелот на којшто почива државата. Значењето на партизанската борба и нејзините идеалите никој не смее да ја омаловажува, брише и пребришува“, вели Андријана Томовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Според СДСМ, националистичките сценарија на Касами се на штета на сите граѓани без разлика на етничка или партиска припадност и создаваат нови поделби, раздор меѓу граѓаните и етнички тензии.

„Како коалициски партнер на Касами, бараме Мицкоски јавно да го повика да се повлече од овој предлог, а советниците на ВМРО ДПМНЕ исто така да се спротивстават и да застанат против, со што оваа одлука нема да се донесе“, вели Томовска

26.01.2025 - 13:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега