Инцидент во Србија: Дрво му го попречи патот на српскиот премиер

 


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека дрво се нашло паднато на патеката на автомобилот во кој се наоѓал премиерот Милош Вучевиќ. Дачиќ додаде дека полицијата темелно ги истражува информациите дали дрвото било намерно соборено.

„Се испитува секој детал, полицијата работи на тоа, безбедноста на премиерот не беше загрозена, но тоа беше нешто што се совпадна со неговиот престој во тој дел од полициската управа во Сремска Митровица“, рече Дачиќ за време на гостувањето на српска телевизија, синоќа.

Претходно српските медиуми објавија дека непознато лице соборило дрво кое целосно го попречило патот на делегацијата предводена од српскиот премиер на враќање кон Белград. Инаку, Вучевиќ синоќа учествуваше на јавна расправа во селото Раденковиќ кај Сремска Митровица, пишува Телеграф.

Дачиќ истакна дека овој настан не изгледа нормално, но додаде дека веќе ништо не е нормално.

„Треба внимателно да го анализирате секој детал и да видите зошто, што се случува, од која причина…“, рече тој.

27.01.2025 - 09:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега