Кока Кола повлекува лименки од пазарот: Објави итен оглас
Европскиот огранок на Кока-Кола во понеделникот соопшти дека наредил големо повлекување на Кока-Кола, Спрајт, Фанта и други пијалоци откако тестовите утврдиле високи нивоа на хлорат.
Повлекувањето се однесува на лименки и стаклени шишиња дистрибуирани во Белгија, Холандија, Велика Британија, Германија, Франција и Луксембург од ноември, изјави белгиската компанија Coca-Cola Europacific Partners за АФП, додавајќи дека во моментов „немаат прецизни бројки“ за износот од овие опасни материи.
Повеќе информации ќе бидат објавени наскоро.
27.01.2025 - 18:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа