Банкарите очекуваат зголемување на кредитирањето на компаниите

Банкарите очекуваат во наредниот период да се зголеми кредитирањето на компаниите, со оглед на најавите за поголема економска активност. Глигор Бишев, претседател на УО на Шпаркасе банка вели дека кредитниот раст оди заедно со економскиот раст.

- Со обновување на економската активност во Република Македонија, ќе се забрза и кредитната активност, изјави Глигор Бишев на денешната прес-конфернеција во Шпаркасе банка .

Во август, податоците на НБРМ покажуваат дека има стагнација на кредитната активност, при што има пад на кредитирањето на корпоративниот сектор, а раст и поддршка на населението.

Шпаркасе банка разгледува нов модел за кредитирање кој ќе ги опфати приходите на сите членови од потесното семјество на барателот на кредитот.

08.10.2013 - 13:41
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега