Му го запалиле автомобилот - скопјанец остана без своето „БМВ Х5“

Утрово во три часот по полноќ било опожарено возило на скопјанец. Се работи за возилото марка „БМВ Х5“ на 61-годишниот А.А. од Скопје кое е целосно опожарено.

Инаку, возилото било паркирано на улицата „Христијан Тодорвски Карпош", а било запалено со помош на запалива течност.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

 

08.10.2013 - 12:23
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега