Костадинов: Мицкоски е фрустриран поради тоа што претседателот Заев ги брани државните и национални интереси

Мицкоски е очигледно фрустриран поради тоа што премиерот Зоран Заев жестоко ги брани државните и националните интереси, членството во ЕУ и НАТО! И тоа го прави секаде, и во јавните настапи и во телефонските разговори, кажа на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Оставка не поднесува оној којшто се бори државата да стане полноправна членка на НАТО, и да продолжат интеграциите во Европската унија. Заканите од хибридни напади, лажни вести и манипулации се само затоа што сме посветени и стануваме 30 земја членка на НАТО“, кажа Костадинов.

Според портпаролот на СДСМ, Мицкоски треба да се засрами, како што вели, затоа што што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат нашата татковина да стане членка на НАТО и ЕУ.

„Што се однесува до предвремените избори, Мицкоски исто вака лажно се силеше и пред претседателските избори, па доживеа пораз. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги загубија претседателските избори, но ги загубија и локалните избори во Охрид и Ново Село. Антизападниот Мицкоски, кој нема ниту програма ниту понуда, може да се надева само на уште еден пораз. Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ!“, кажа Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2019 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега