Несреќа во Македонија: Автомобил излета од патот, 7-годишно дете итно однесено на Клиника

Седумгодишник бил тешко повреден откако австриско возило управувано од германски државјани, излетало од автопатот Неготино-Демир Капија, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Денеска околу 5:00 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, на два километри пред бензинска пумпа „ДЕТ ОИЛ“, патничко возило „Тојота РАВ 4“ со австриски национални ознаки, управувано од M.В.(34) од СР Германија, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило седумгодишното дете, сопатник во возилото, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, појаснува Додевски. 

Извршен е увид на местото на настанот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2019 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега