Талант Душебаев нов тренер на ракометарите на Вардар?

Талант Душебаев  ќе биде замена за Зоран Кастратовиќ на кормилото на македонскиот ракометен шампион Вардар. Вакви шпекулации почнаа да крушат во ракометните кургови по одлуката која утрово ја соопшти сопственикот на црвено црните Сергеј Самсоненко. 
Според непотврдените инфромации, Самсоненко уште оддамна е во преговори со поранешниот тренер на Атлетико Мадрид и Суидад Реал. Неофицијално, преговорите со Душебаев биле почнати уште кога се договорил потписот на договорот за Вардар на неговиот син Алекс. 

07.10.2013 - 13:30

најчитано сега