Намерно удрил во полициско возило па прегазил полицаец - филмска бркотница во Тетово

Пред два дена на улицата Јане Сандански во Тетово настанала филмска бркотница при што бил повреден еден полициски службеник.

Инцидентот се случил откако полицајци забележале паркирано возило марка „Опел Астра“ до кое стоел маж од селото Порој, кој откако ги забележал полицајците влегол во возилото и го стартувал, при што се вратил наназад и удрил во паркираното полициско возило Шкода Јети. Потоа, насилникот започнал да се движи со своето возило при што со браникот го удрил едниот од полицајците, а вториот полицаец се фрлил на хаубата за да го запре возилото на тетовчанецот, но безуспешно.

Возилото подоцна било пронајдено, а се превземаат мерки и за пронаоѓање на насилникот.

 

07.10.2013 - 11:33