Јанкулоска и Ристовски ќе го промовираат „Сообраќаен буквар 2“
Денеска основците од „Стив Наумов“ ќе учат од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и министерот за наука и образование Спиро Ристовски, како да се снајдат и заштиттат во различни ситуации во сообраќајот.
Во рамки на посетата и промоцијата на ДВД изданието „Сообраќаен буквар 2“, во основното училиште министерката Јанкулоска ќе има и свое обраќање.
Предвидено е на промоцијата да бидат дел и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Никола Ангеловски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.
Промоцијата е дел од акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР, МОН, МТСП и општините во Република Македонија.
04.10.2013 - 10:03