Македонија во топ 10 места за почнување бизнис

Според најновиот извештај на Меѓународната финанскиска корпорација и Светската банка, Македонија е меѓу 10. најпогодни земји за почнување бизнис, пренесува Си-Ен-Ен во делот „Гоинг глобал“. 

Македонија се најде на петтото место како последица на поедноставените процедури преземени во изминатите пет години за основање фирма, намалениот услов за минимум потребен капитал при основање фирма, намалените административни процедури и времето потребно за аплицирање и воспоставување електронски систем за поднесување документи, стои во извештајот кој го објави Си-Ен-Ен.

Рангирањето опфатило 185 земји во светот. Први на листата се Нов Зеланд, Австралија, Канада и Сингапур, Македонија, Хонг Конг, Грузија, Руанда, Белорусија и Ирска.  

Делот „Гоинг глобал“ на Си-Ен-Ен е наменет за претприемачи кои решаваат да инвестираат на глобално ниво и разработува теми како што се бизнис стратегии за инвестирање, маркетинг и логистика.

03.10.2013 - 15:05

најчитано сега