„Порта Вевчани“ денеска ќе биде пуштена во употреба
Денеска собранискиот спикер Трајко Вељановски и радоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски ќе го пуштат во употреба објектот „Порта Вевчани“.
Градбата на објектот, што е во функција на зголемување на туристичката понуда на општина Вевчани, започна во март годинава, а се работи за донација од Ѓорѓи Угриноски со семејството.