Службениците во Вашингтон ќе добијат беспалтен оброк

Синџир на ресторани за брза храна во Вашингтон понуди бесплатни хамбургери за сите вработени во федералните институции кои поради буџетската криза ќе бидат испратени на принуден одмор.

Сопственикот на ресторанот Z-Burger,  Петар Табибиан изјавил дека ако луѓето не одат на работа, можат да отидат по хамбургер.

Неговото семејство во текот на 80-тите години емигрирале од Иран во САД, најавува дека сака да им помогне на вработените во Владата кои го сочинуваат поголемиот дел од неговите клиенти.

Околу 320.000 федерални работници  привремено ќе останат без работа, додека градот дневно ќе губи близу 200 милиони долари.

 

Демократите и републиканците не успеаа да се договорат во врска со изгласувањето на буџетот, со што стапи во сила финансиската блокада на Владата. Последната финансиска блокада на Владата се случи кон крајот на 1995 година и траеше три дена.

02.10.2013 - 11:35

најчитано сега