Три комисии ќе заседаваат во Собранието

 

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно правната комисија.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат по Финансискот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година.

Предлог законот за ратификација на Спогодбата за Инструмент меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за посебни аранжмани за спроведување на поддршка од Унијата во согласност со Инструментот за реформи и раст е на дневен ред на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно правната комисија.

21.01.2025 - 07:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега