Бали-Бег: Поради озборувањата ќе ја изгубев вереницата!

Познатиот турски актер кој ни е познат како Бали Бег од серијата Величенствениот, 29-годишниот Озџивит, вели дека сите шпекулации кои се појавуваат за него за малку ќе му ја уништеле врската со свршеницата.

Натписите кои се појавуваа во весниците дека Бали Бег е хомосексуалец ја разнишале неговата врска.

- Тоа не беше единствениот проблем. На родителите на Џејлан не им се допаѓаше што потекнувам од сиромашно семејство. Нејзината мајка е позната дизјнерка и тие отсекогаш живееле во раскош и изобилство, а моите родители едвај сврзуваа крај со крај. Но, јас никогаш не се срамев од нив бидејќи ме научија да бидам скромен. Парите се минливи и на никого не му гарантираат среќа, изјавил Озџивит.

 

02.10.2013 - 10:56