Македонската полиција запре возило па веднаш приведе девојка

Околу 21.45 часот синоќа на Граничниот премин „Блаце“, на паркинг во комбе „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот И.С. од село Глумово, скопско, било пронајдено женско лице без документи за идентификација.

Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека е 18-годишната Н.С. од Косово.

Лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега