Левица: Средбата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поминала со успешно пазарење кое се одрази со поддршка на Законот за реорганизација на државната управа

ДПМНЕ молкум ја одби условната поддршка на Левица за реорганизација на министерствата и обезбедување на дво-третинско мнозинство со воведување на една изборна единица и реши да седне на маса со нивниот стар коалиционен партнер ДУИ, велат од Левица

Според партијата, вчерашната средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поминала со успешно пазарење.
-Вчера остварената средба помеѓу ДПМНЕ и ДУИ очевидно поминала со успешно пазарење коешто се одрази со потполна поддршка на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа од страна на Европскиот фронт. Пратениците од Левица гласаа против измените на ЗОРОДУ откако претходно аргументираа за апсурдноста на Законот и незапазувањето на процедурата, како и после одбивањето на предлогот за реализација на една од програмските заложби и на ДПМНЕ – ветувањето за една изборна единица, велат оттаму.

Според Левица, ниту еден пратеник од мнозинството не се осмелил да ја брани предложената реорганизација.
-И покрај основаните сомнежи и издржани критики коишто беа истакнати од страна на пратениците на Левица, ниту еден пратеник од мнозинството, ниту пак предлагачот Мицкоски не се осмели да ја брани предложената реорганизација на министерствата. После предлогот и изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Македонија, се случи уште едно газење на предизборните ветувања и примарната предизборна реторика на ДПМНЕ за борба против ДУИ. Старите партнери повторно ја обелоденија Широката Коалиција во која, за разлика од претходно, ЗНАМ се јавува како посебен политички субјект, се вели во дописот.

08.06.2024 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега