Петмина Турци претепале скопјанец на паркинг на Бит Пазар

Денеска во 02.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ч.Ј.(21), Д.Н.К.(21), Е.К.(23), О.А.Х.(26) и Ч.М.(24), сите од Република Турција, со привремен престој во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 02.00 часот на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар физички го нападнале А.А.(31) од Скопје.

Тие биле задржани во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

07.06.2024 - 16:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега